Јовче Ременски оставен да си игра „Џандар збира“ со карти, наместо да одговара за фактот што си дозволи да најавува апсења преку Фејсбук.
Скандалозните најави кои сопругот на Фросина Ременски ги објавуваше, засега беа “казнети“ само со своеволно бришење на профилот на социјалната мрежа.
Внатрешната контрола при МВР до сега веќе требаше да превземе чекори и санкции, но ништо од тоа.
КУРИР вчера наутро постави прашање до МВР:
„Дали внатрешната контрола на МВР ќе покрене или веќе има покренато постапка против Јовче Ременски за најавите за апсење кои ги објави преку социјалната мрежа Фејсбук“?
Одговор нема!
Јовче Ременски е шеф на управата во МВР задолжена за борба со тероризам. Тоа е висока и одговорна функција, а нејзиниот прв човек треба да си ја работи работата за која е дебело платен од џебот на граѓаните. Но, Ременски си тера партиски битки и преписки, па на Фејсбук во петокот објави пораки во кои асоцира дека од стартот на оваа недела, ќе следуваат полицискии акции, односно апсења.
Во првата порака Ременски вели:
“Има варијабли, константи и хипотези, од понеделник ќе биде интересно”, напиша началникот со потпис – Ременски.
Веднаш по првата порака тој се дообјаснуваше:
“Да не останам недокажан, борбата продолжува и тоа на две нозе со сиот демократски капацитет на располагање со сета жестина и без пренамагање”.
Одговарајќи на една од пораките, тој во коментар напиша дека ќе има и „џандар збира“, што во полициски сленг значи дека ќе има апсења. Откако дел од медиумите го пренесоа пишаното од страна на Ременски, тој не негираше дека ќе се случуваат апсења, туку објави неколку линкови од текстови за случајот „Афис“ од 2013 година, но неговата сопруга реши да го правда.
-Вревата околу “Џандар збира” и преводот што си го направија со “полициски СЛЕНГ”, како и филмовите околу тоа е безобразно евтин продукт на сленг пропагандата во смисла на онаа народната “Гладна кокошка просо сонува”. Соновник да напишевте попродуктивен ќе беше, вака и партија карти не знаете да изиграте, вели Ременски.
Овој предмет се наоѓа во рацете на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, од каде за Алфа велат дека најавите на сопругот на пратеничката се неточни и неосновани, затоа што овој случај се уште во предистражна постапка и ниту МВР, ниту Управата каде началник е Ременски не може да апсат луѓе, ниту да преземаат било какви процесни постапки без соодветни чекори на Обвинителството.
-За познавачите, настапот на началникот е целосно погрешен и спротивен на протоколите на министерството, затоа што тој ниту е овластено лице за изјави за јавност, ниту пак смее како шеф на Управата за антитероризам да коментиура други предмети кои не се во негова надележност особено не јавно да објавува пораки во кои асоцира на апсења. Извори во внатрешната контрола на МВР велат дека ако се следат законските прописи, против Ременски мора да биде покрената постапка за нарушување на правилата за работа затоа што освен што јавноста ја довел во заблуда, тој можеби открил информации кои се од интерес за инволвираните во случајот Афис, објави „Алфа“.
Јовче Ременски и неговата сопруга Фросина, пратеничката на СДСМ, беа блиски со првоосомничениот за „Рекет“, Боки 13.
Ако имал толку информации, зошто Ременски не најави апсење на рекетарите? Тој и неговата сопруга на јавноста се должни одговори на повеќе прашања, но во случајов вниманието е вперено кон тестирање на независноста на МВР. Внатрешната контрола не смее да замижи пред вакво скандалозно однесување и самоволие.