вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Република: Афера со реагенси и апарати, Филипче прави монопол – некој ќе се богати?!

Република: Афера со реагенси и апарати, Филипче прави монопол – некој ќе се богати?!

Министерот на здравство Венко Филипче им забранува на Јавните здравствени установи да купуваат реагенси за нивните лаборатории. Од сега па натаму, тој преку еден тендер ќе носи одлука од каде и по која цена ќе се купуваат реагенси, ама нема да ги плати, ќе си ги платат здравствените установи – покажуваат дописите и документите до кои стигна Република.

Според изворите на Република, ова создава простор за голема злоупотреба, а анализите покажуваат дека ќе биде оштетен и државниот буџет, затоа што ќе се стават надвор од функција голем дел од апаратите во лобаротириите за испитувања и ќе се создаде потреба од набавка на нови апарати.

-Имено, како што тврдат нашите извори од министерството, секој различен тип на апаратура користи различен тип на реагенси, а со оваа централизирана набавка, ќе може да се набави само еден тип на реагенси за еден тип на апаратура со што ќе се отворат и нови тендери на кои ќе се трошат буџетски пари за набавка на нова опрема во Јавните здравствени установи. Старата која е во главно скоро набавена, ќе биде ставена надвор од функција. Со ова, како што тврдат нашите извори, некој ќе добие монопол со апаратура и реагенси за лабораториите, пишува порталот Република.

-Секоја здравствена установа си го прави планот за работа базиран на своите индивидуални потреби со производителите кои најсоодветно одговараат за опусот на пациенти кои ги опслужуваат.  Венко Филипче како министер пробува да го киднапира целиот пазар во Република Македонија и криминално ја злоупотребува својата позиција на власт да преку своите бизнис интереси и фирми договори бизнис кој ќе треба да го плаќаат самите институции – вели извор од министерството за Република, кој сака да остане анонимен.

Извори од министерството за порталот велат дека поради неможноста да го направи овa по легален пат, Филипче пратил допис до сите Јавни здравствени установи во кој бара да го овластат за тој да набавува реагенси во нивно име. Политиката оди така што: Тој ќе одлучи од каде ќе се купуваат реагенси и по која цена, а здравствените установи ќе си ги плаќаат реагенсите од нивните буџети.

Ова го потврдуваат и меиловите до кои стигна Република, но она што е уште посимптоматично е тоа што Министерството на здравствените установи им праќа готова одлука за нивните Управни одбори, кои тие само треба да ја изгласаат. Значи, министерството им наложува на управните одбори на здравствените установи, што треба да одлучат.

Дел од директорите на здравствените установи се противат на ваквата одлука на Филипче, затоа што со ова ќе се зголемат и цените на реагенсите кои тие ќе треба да ги плаќаат.

-Секоја опрема што е веќе инсталирана е веќе одплатена и цените на тесовите се намалуваат секоја година. Секоја нова опрема за која се даваат пари е непотребен трошок особено ако во институцијата има опрема која е функционална од неколкуте реномирани производители. Тоа министерот не го интересира, туку инсистира на директорите да плаќаат за неговиот криминал – велат директори кои сакаат да останат анонимни.

Директорите кои одбиваат да му потпишат овластување, се жалат дека се под константен притисок од Министерството кое постојано вербално и преку меилови ги притиска.

-Се праќаат десетици дописи и се прави притисок иако најголем дел од установите имаат веќе по 2,3 конкурентни апарати кои соодветствуиваат на нивните потреби. Со тие апарати и технологии можат да ги направат сите анализи кои се потребни за работа на институциите. Купувањето нови апарати само ќе ги оптовари буџетите на институтциите и ќе направи огромни долгови над 10 милиони евра кои следните генерации ќе треба да ги плаќаат, а пријателите на министерот ќе имаат финансиска корист – велат извори од министерството кои доставуваат и слики од меиловите кои се праќаат.

 

-Нашите извори се сомневаат дека веќе е пронајдена и компанијата од која ќе се набавуваат новите реагенси, но и компанијата од која ќе се набавуваат новите апарати, иако старите се во одлична состојба. Како што велат, со ова ќе се обезбеди непречен непресушен прилив за сопствениците на овие компании, затоа што секоја апаратура си има сопствени реагенси кои подоцна мора да се набавуваат, стои во текстот.

Тие се потсетуваат дека бизнис шема од ваков тип во помал размер има направено неговиот татко во времето на Министерувањето кога се правеше најголемиот криминал во здравството и набави на товар на државата 200 стари апарати и ги смести насекаде низ Македонија како нови. Најголем дел од истите воопшто и не проработеа.

-Ги охрабруваме директорите да не ризикуваат да се инкриминираат во туѓ криминал и да дозволат да си ја загрозат својата иднина и репутација зашто ревизија и казна ќе има сигурно, велат анонимните свиркачи од Министерството и Јавните здравствени установи.

Република утринава се обиде да стапи во контакт со Министерот за здравство Венко Филипче, но тој не одговарал на нивните телефонски повици.

Најнови вести