Македонска пошта, старата фабрика „Треска“, денес Тетовска фабрика, од Велес во централна Македонија, до Берово на источниот дел од државата гореа шуми, а гореше и тетовската модуларна болница во која гореа и живи луѓе.
Филмот на покојниот Љубиша Георгиевски насловен како „Република во пламен“ направен за едно друго време, време во кое нашите претци се бореле за сопствена држава, филм во кој се отсликува борбата на Македонците за самостојнос, изминативе шест години се игра во оваа наша земја, но во едно поинакво светло.
Имено шест години „Републиката ни е во пламен“, но не за борба за подобро утре, Републиката навистина ни е во пламен. Горат фабрики, пошти, горат „белите дробови“ на Македонија, горат болници, и она од кое на сите кожата ни се ежи, горат живи луѓе.
Шест годни Македонија е во вистински пламен, покрај пожарите, Македонија е во пламен и на многу други нивоа.
Сменивме име, во моментов Бугарија со нашите политичари си игра како со „мали деца“, економијата ни е пред колапс, коронакризата не качи на врвот на листата за најголема смртност, киминалот и корупцијата цветаат…
Единствената работа која вистински цвета во оваа наша земја е бизнисот со марихуана.
„Си отиде Мурто за да дојде К*рто“
И во моментот кога си замина „Мурто“, кога помисливме дека еве неговиот заменик ќе почне да не оправа, се случува колапс. Штајкови, пожари, за патот кон ЕУ да не збориме, немањето визија, проекти, НЕФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА СИСТЕМОТ во Републиката ни дава за право да кажеме дека таа е во ПЛАМЕН.
Замислете, владата предводена од СДСМ и ДУИ не можат да го дадат бараното покачување на платите за професорите, учителите, наставниците…
Велат, ако сакаш да уништиш една нација – уништи ѝ го образованието.
Па ако оваа влада нема доволно пари за оние кои треба да се грижат за нашите деца, за идните генерации, за иднината на оваа држава, тогаш „Републиката ни е во пламен“.
Ако македонските земјоделци, немаат соодветен пласман на своите производи, ако немаат сигурна откупна цена, ако немаат каде да ги дадат своите производи за кои само тие знаат како се мачеле, тогаш „Републиката ни е во пламен“.
Ако велиме дека младите ни се отселуваат, ако она седум годишно дете Македон, дете генијалец нема каде да го образуваме во државава, тогаш „Републиката ни е во пламен.
Ако во македонското собрание се заклучуваат пратеници, ако претседателот на тоа собрание се однесува како „тоа да е на татко му“, па со пцовки се расфрла кон вработените, тогаш „Републиката ни е во пламен“.
Ако во Македонија 20 години една партија е на власт, а притоа ниту еден нејзин функционер не заврши зад решетки, а скандали имаат за извоз, тогаш „Републиката ни е во пламен“.
„Републиката ни е во пламен“, Македонија тоне, младите се отселуваат, државата ќе ни стане една голема црна дупка, која сите ќе ја заобиколуваат, а оние кои ја напуштаат никогаш нема да сакаат ниту да ја посетат.
Оние кои во 1903 се бореа за за самостојна држава, денес да се живи најверојатно не би ни живееле тука.
ПС: Ако сам не си го цениш и сакаш своето, не очекувај друг да го прави тоа место тебе!
Ристе Здравков