недела, 19. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Решето влада, решето безбедносен систем, како Ковачевски и Ахмети ќе се борат против хибридни напади кога толку многу се посветени на крадење и тендери“

„Решето влада, решето безбедносен систем, како Ковачевски и Ахмети ќе се борат против хибридни напади кога толку многу се посветени на крадење и тендери“

За жал постигнато уште едно дно на оваа влада на Ахмети и двојниот пиун Ковачевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Грчки хакери гледале низ безбедносните камери во МОН и македонската влада. Тоа покажува дека решето влада, донесе решето безбедносен систем.

Како Ковачевски и Ахмети ќе се грижат и водат борба против хибридни напади кога толку многу се посветени на крадење и тендери.

Како Спасовски ќе се грижи за безбедносниот систем кога главна преокупација му е како транспортна фирма блиска до СДСМ да го земе тендерот од 1 милион евра за редење сончеви панели.

Како АНБ ќе спречи хакерски напад кога главен дострел заедно со МВР им е тоа што го затворија кафичот на нарко босот Шеваљ, и запленија кујнски нож, наместо да го уапсат и конфискуваат милионскиот имот стекнат од шверц на дрога.

Македонија е препуштена на аматери кои глумат држава, подвлекуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести