недела, 31. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Резолуцијата во која се колне СДС и порачува да се бори против корупцијата и криминалот, а никаде не се спомнуваат Македонци“

„Резолуцијата во која се колне СДС и порачува да се бори против корупцијата и криминалот, а никаде не се спомнуваат Македонци“

Резолуцијата во која се колне СДС, и порачува да се бори против корупцијата и криминалот, а никаде не се спомнуваат Македонци. Резолуцијата на Бундестагот на која се повикува СДС во едно е децидна, а тоа е дека владата мора да ја зајакне борбата против корупцијата, и да работи на засилување довербата во судството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Реалноста е дека владата не само што не се бори против корупцијата, туку и ја спроведува, а за судството, таа е прва која го партизира и која го донесе до оваа состојба на недоверба.

Резолуцијата порачува дека власта треба да се бори против криминалот, тоа е факт кој и ВМРО-ДПМНЕ го нотира со години.

Резолуцијата со која се фали СДС и порачува на власта сето она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години.

Нема извештај или документ на меѓународна организација на било кое ниво, кој не ја потенцира потребата власта да ја зајакне борбата против корупцијата.

СДС наместо да турка уставни измени под бугарски диктат, да се зафати со подобрување на состојбата во институциите, во периодот кој им остана. А потоа ќе следи одговорност и за криминалот, но и за деградирањето на институциите кое систематски го спроведоа, додаваат од партијата.

Најнови вести