Откупната цена на тутунот во Република Македонија е ниска и откупот е катастрофален, му реплицираше Петар Ристески на својот колега од СДСМ Коле Чаракчиев.
-По информациите од официјалните податоци кои ги доставува министерството во моментов откупната цена е 164 денари од килограм тутун, што е за 60 денари пониска од ланската откупна цена, а искуствата од терен говорат дека откупната цена е многу пониска, бидејќи ова на некој начин е наштелувана цена, но и така наштелувана е ниска, истакна Ристески.
Ристески додаде дека и ветеното обештетување од страна на Заев е мачкање на очи, а тутуно производителите се оштетени со 60 до 100 денари.
-Искуствата од терен покажуваат дека откупната цена е помеѓу 120 и 140 денари. Значи еден просечен земјоделец, тутунопроизводител е оштетен за најмалку од 60 до 100 денари. Заев им вети 5 милиони евра обештетување на тутунарите, но доколку се подели таа сума, секој тутунопроизводител ќе добие по 10 денари и претставува замачкување на очи, додаде Ристовски.
-Барањата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ соодвестуваат со барањата на тутунопроизводителите, соодвестуваат со реалната слика во моментот, со катастрофалниот откуп на тутун во Република Македонија, посочи Ристески во своето излагање.
Целото излагање на Ристески погледнете го во продолжение: