ЗОШТО ПРИЛЕП БЕШЕ ГРАД НА УБАВИТЕ ПАРКОВИ?
➡️За 12 години се изградија и реконструираа најубавите и најсредени паркови со модерна урбана опрема, фонтани и водени површини, детски и спортски игралишта, осветлување…
Секој парк доби бунар со технолошка вода за полевање, а парковите беа зелени и одржувани во текот на целата година.
Да се потсетиме кои паркови беа изградени и реконструирани во претходниот период:
🔸️МОГИЛАТА НА НЕПОБЕДЕНИТЕ – „Паркот на револуцијата“
(најголемиот и најубав парк) – амблем на градот… претходно комплетно запуштен, претворен во депонија и градежен шут;
🔸️Парковските површини на централните плоштади (претходно исто така запуштени и несредени):
🔹️ „Александрија“;
🔹️ „Методија А. Ченто“;
🔹️ „Градски Саат“;
🔸️Парковските површини околу зградите на бул. „Г. Делчев“ во близина на споменик „Прилепски Бранители“ (претходно никогаш несредени);
🔸️Зелениот парковски појас на улица „5-та Прилепска бригада“- се изгради најдолгиот парк во градот, приближно 1 км. должина, кој даде нов авениски лик на улицата;
🔸️Се изгради и огромниот парк во населба „Точила“ – од ѓубриште и скелина за тутун, денес едно од најпосетуваните места во градот;
🔸️Прекрасниот парк „Кај Судот“ – од мрачно и запуштено место прерасна во вистинска оаза во центаралното градско подрачје;
🔸️Парковските површини помеѓу сите згради и средишни жардињери (зелен појас) на главната улица во населбата „Димо Наредникот“ – донесоа нов урбан лик на оваа населба зголемувајќи ја вредноста на становите на сопствениците;
🔸️Парковските површини околу зградите во населба „Точила“ и средишниот зелен појас на улица „Самоилова“ во голема мера го подобрија урбаниот лик во најголемата населба во градот;
🔸️Паркот и зелените површини околу зградите во населба „Ѓогдере“;
🔸️Парковските површини во населба „Бончејца“ (помеѓу зградите);
🔸️Зелените тротоарни површини на улица „Мирче Ацев“…
…и многу други маалски паркови и други зелени површини низ градот и училишните дворови…
✅Или вкупно, во градот за 12 години беа изградени и реконструирани вкупно 200.000 м² парковски површини или во просек 17.000 м² нови зелени површини годишно… односно за 12 години секој жител во Прилеп (70.000), добил 3 м² нова парковска површина…
⏩И за крај неколку прашања до Прилепчани:
▪️Дали парковите низ градот се одржуваат на задоволително ниво?
▪️ Каде ќе беше Прилеп ако и сегашнава Локална власт продолжеше со ова темпо на раззеленување на градот?
▪️Дали се сеќавате на некој нов парк во градот изминативе неколку години?
Фејсбук статус на Марјан Ристески