Проектот спортски денар само ќе го дополниме. Еден денар од нафтени деривати оди во посебен фонд од 13 до 15 милиони евра и тој ќе се користи за промоција на млади таленти, за одржување на постоечка спортска инфраструктура, како и за нова спортска инфраструктура, рече Борко Ристовски од Комисијата за спорт, на панел дискусијата во организација на ВМРО-ДПМНЕ насловена како „4 години Заев, 4 години украден живот, доста е“.
Според него треба да се обрне внимание да се направат самоодржливи проекти.
„Сега сме сведоци дека пропаѓаат објекти и никој не ги одржува. Наша идеја е или да има минимален трошок за општината или државата, односно да одвојуваат мал процент. Спортските објекти се потребни бидејќи ова е општество во кое семејствата не може да си дозволат две деца да пратат да тренираат некој спорт, тоа со просечната плата не оди. Тоа е сериозна сума за едно семејство дури и ако чини тренингот илјада денари месечно, а имаат две деца“, рече Ристовски.
Ристовски се осврна и на директното мешање на политиката во спортот, како и корупциските скандали во кои се вклучени луѓе предложени од СДСМ.
„Се оди до таму да се влијае играчи да не бидат во репрезентација, тоа е мешање директно на политиката во спортот, инвестиции оваа влада предводена од СДСМ не направи. Се покажа дека лицата инволвирани во спортот дека се само дел од коруптивни скандали, дополнително ќе се направи ревизија за секо основано сомневање за корупција во спортот“, заклучи Ристовски.
Ристовски: Ваучерите во спортот се најголема можност за корупција на власта