недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Родителите на починатото девојче од Битола се сомневаат дека и се дало инфузија со гликоза иако имала покачен шеќер

Родителите на починатото девојче од Битола се сомневаат дека и се дало инфузија со гликоза иако имала покачен шеќер

Петгодишната Јана Христовска од битолското село Кравари е девојчето кое почина вчера во битолската Клиничка болница, откако претходно на Одделението за педијатрија примила инфузија, па состојбата се искомплицирала и како што изјавија од болницата 40 минути и се правеле обди за нејзина реанимација на Одделението за интензивна нега.

Таткото на девојчето, Стојче Христовски, се сомнева дека се работи за лекарски пропуст затоа што кај девојчето при првичните анализите на крвта се покажало дека шеќерот е покачен на 9, а ѝ била дадена инфузија за која претпоставуваат дека содржела гликоза, па шеќерот се искачил на 19 единици.

„Девојчето не боледуваше од никакви болести, освен што претходниот ден имаше температура, па ѝ дадовме сируп и ѝ спадна. Другиот ден се жалеше на малаксаност и болки во мускулите, а пред Нова година имаше вирус од кој и потекоа капачињата на очите и тоа пак ѝ се случи вчера. На Одделението за педијатрија ја прегледаа и ни рекоа да направиме крвна слика. Шеќерот ѝ го измерија 9. Во 10 часот ѝ зедоа крв, а рекоа резултатите по 12 часот. Ѝ кажав на докторката за шеќерот, рече не е многу. Дури ги чекаа реузлтатите ѝ ставија инфузија. Наша претпоставка е дека е гликоза за да ја освежат. Кога дотече, шеќерот се крена 19. Ги фати паника, почна да се компликуваат работите. Се јавија во лабораторија, побрзо да ги направат анализите на крвта. Се насобраа доктори“, кажува таткото за Сакам да кажам.

По ова, девојчето било однесено на Одделението за интензивна нега, а во 15,30 часот починало.

Семејството вели дека Јана не боледувала од други болести и била здраво дете. Поради ова болницата побара да биде направена обдукција на телото, со цел да се дознае вистинската причина за смртта. Резултатите од обдукцијата ќе бидат готови за 10 дена.

Најнови вести