петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Родителите не прифаќаат децата да им учат од ПДФ скрипти, отпорот го конкретизираат со референдум

Родителите не прифаќаат децата да им учат од ПДФ скрипти, отпорот го конкретизираат со референдум

Родителите не прифаќаат нивните деца да учат од дигитални учебници, кои ќе бидат во ПДФ формат и со големина колку една скрипта. Отпорот против, таканаречениот нов концепт, кој од учебната 2021-2022 година, во македонското образование планира да го инсталира министерката за образование, Мила Царовска веќе се конкретизира со иницијатива за референдумско изјаснување.

Од групата на граѓани здружени во преку социјалните мрежи во неформална група „Учебници и настава мора да има“, преку подрачните единици на Државна изборна комисија, покренаа иницијатива за собирање потписи за организирање референдум за реформите во образованието.

Драгана Спасевска, која се води како претставник на Фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“ која брои скоро 80 илјади членови извести дека во име на граѓанската иницијатива поднесено е барање до ДИК за распишување референдум за дигиталните учебници. Од денеска до четврток треба да соберат 100 потписи за да се прифати оваа иницијатива. Граѓаните ќе можат да го дадат својот потпис во подрачните одделенија во Центар и во Битола.

Иницијативата за референдум против реформите во образование доаѓа по одбивањето на министерката Мила Царовска да се средни со нив и да ги слушне нивните забелешки и аргументи против истите, и нејзината одлучност по секоја цена да ја имплементира нова концепција која предвидува учениците од четврто до деветто одделение и средношколците, класичните печатени учебници да ги заменат со дигитални. Исто така се предвидува и спојување на неколку предмети во еден, со што би се намалила можноста за изучување и совладување на материјата по индивидуалните предмети, а исто така концепцијата предвидува сеопфатно сексуално образование.

Во однос на најавите за замена на хартиените печатени учебници со дигитални во ПДФ формат во големина на една скрипта, освен родителите се спротивставија и голем број општествени дејци, државници и организации.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот, Христијан Мицкоски остро се спротивставуваат на оваа идеја, потенцирајќи сека тие не се против дигитализација на образованието, кое е сосема спротивно од воведување само на дигитални учебници, но дека се против реформата да се одвива на тој начин, затоа што тоа предизвикува дискриминација на кај учениците бидејќи над 20 илјади ученици немаат ИТ уреди преку кој требаше годинава да следат онлајн настава.

– Дигитализација не претставува PDF формат на учебник, туку дигитализација претставува мултимедијална интеракција со компјутерот. И ние го имавме тоа предвидено во програмата, но ги имавме предвидено и учебниците, оние ученици што не можат од определени причини, не само поради недостаток на хардвер или компјутер, можеби поради здравствени причини некое дете не може да седи пред компјутер и да помине осум часа и на тој начин да ја следи наставата и да се надградува. Развојот на моториката на децата е со читање на книга, со пишување. Тоа се моменти кои овие политичари, за жал водејќи се од провизии и квази реформи, ги забораваат. И она што е најсуштински проблем за нас кај овие политичари, е тоа што не прават суштинска анализа, туку носат политика, па потоа ги гледаат негативните последици од истата, пишува на Фејсбук Мицкоски.

Од друга страна, вчера во својата честитката по повод Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, македонскиот претседател Стево Пендаровски, го цитираше Свети Кирил каде што вели дека без книга сите народи се голи и подложни на асимилација и исчезнување, со што како да сака да му прати порака на извршната која планира да го реформира образованието.

– Св. Кирил вели дека „без книга сите народи се голи“ и подложни на асимилација и исчезнување. Создавајќи ја првата пишана словенска азбука – глаголицата и преведувајќи го Светото писмо и другите црковни и световни текстови на старословенски јазик, светите браќа отворија нови просветни, духовни и културни видици за словенските народи во Европа. Со тоа Св. Кирил и Методиј на словенските народи им го дадоа клучот за самоидентификација и самоопределување низ вековите. Бранејќи го фундаменталното право на словенските народи на свој јазик и писменост, Св. Кирил и Методиј се изборија и за достоинството на различноста како суштинска европска вредност, стои во честитката на претседателот на Републиката, Пендаровски.

Најнови вести