среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Росоман ќе помогне со финансиски средства за реоните зафатени од земјотрес во Турција и Сирија

Росоман ќе помогне со финансиски средства за реоните зафатени од земјотрес во Турција и Сирија

Советот на општината Росоман на седница донесе едногласна одлука да помогне во рамките на своите можности, со финансиски средства, за реоните зафатени од земјотрес во Турција и Сирија.

Советниците се согласија од општинскиот буџет да се издвојат 200 илјади денари за помош на реонот зафатен од земјотрес во Турција. Сто илјади денари да се обезбедат од приватни компании, што ќе донираат за поддршка на населението од Сирија, зафатено од земјотрес.

Најнови вести