Претседателот на Бугарија, Румен Радев се сретна со претставници на Центарот за култура „Иван Михаилов“ од Битола, јави дописникот на МИА од Софија.
Тој изјави дека „македонските Бугари во Република Северна Македонија очекуваат поактивна културна, духовна и образовна размена со Бугарија“.
По средбата со претставниците на Центарот во Битола, Радев потсети дека Софија очекува неповратни резултати од Скопје во градењето добрососедски односи.
-Овој процес бара Северна Македонија да ги почитува правата на своите граѓани, кои се самоидентификуваат како Бугари, а делата на бугарските преродбеници да бидат објавени без измени и редакциски интервенции, смета Радев. (МИА)