сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Саити: Судските процеси продолжуваат, за амнестија решаваат Собранието или други институции

Саити: Судските процеси продолжуваат, за амнестија решаваат Собранието или други институции

Прашањето за амнестија е ставено на друг терен, односно тоа засега се разговара на ниво на политички партии. Според некои информации, тоа и би се решило исто така на друг терен, односно во Собранието или во некоја друга институција.

Ова го изјави врховниот судија и претседател на Здружението на судии Џемали Саити, одговарајќи на новинарско прашање во врска со наводите за можна амнестија на обвинетите за случувањата во Собранието на Македонија на 27 април минатата година.

Судовите и судиите, како што посочи, се тука за да судат во рамки на законот и тие се востановени да ги извршат нивните надлежности во однос на покренатите постапки.

– Судовите ќе продолжат да ги судат предметите согласно динамиката и надлежностите што ги имаат. Прашањето на амнестија е сосема друго прашање, рече Саити пред почетокот на прес-конференцијата за националното мерење на перфомансите на правосудството во Република Македонија.

МИА

Најнови вести