Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски, денес оствари голем број на средби со кичевчани во рамки на кампањата „Промените се случуваат, секогаш со народот”. Сајкоски потенцираше дека кичевчани изразуваат големо разочарување од локалната самоуправа, предводена од ДУИ и СДСМ.
Кичево денес е оставено во руина, голем број на улици во градот и централното градско подрачје се не направени, раскопани и по нив не може да се движат ниту автомобили, ниту пешаци. Улиците „Ужичка” и „Борис Кидрич” веќе една година се оставени во комплетна руина. Исто така во централното градско подрачје, голем број на улици не се обновуваат, а исто и плоштадот е оставен раскопан.
Во Кичево, во централното градско подрачје, комуналното претпријатие одложува отпад што е преседан што го загрозува животот на граѓаните од ова прекрасно место.Моите кичевчани изразуваат жалење што локалната власт не успеа да се справи со кучињата скитници и Кичево е рекордер по бројот на луѓе што се каснати од кучиња скитници. Се наоѓаме пред командата, која што неколку се одвојуваа средства од централната и локалната власт, требаше да биде една убава општинска зграда, но жал исто така денеска е руина. Наместо да се подобри квалитетот на живот во Кичево, одземен е квалитетот на живот, или воопшто нема услови за живот. – рече Сајкоски.
Сајкоски изрази жалење што ДУИ и СДСМ што воопшто не се посветиле на градот и не е донесена ниту една инвестиција, ниту еден проект што е значаен за Кичево. Иако ветувале дека ќе ја направат канализација во Другово, но и од тоа немало ништо до сега.
Сајкоски ги повика сите со општествена поддршка и доверба да дадат поддршка на кампањата и заеднички на следните избори, кога и да се и да се направи и Кичево, но и Македонија подобро место за живеење.