петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сајкоски на четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија: Даваме безрезервна поддршка на Македонците во соседството

Сајкоски на четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија: Даваме безрезервна поддршка на Македонците во соседството

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија.

-Денес ја имав таа чест да присуствувам на четвртиот конгрес на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ под мотото „Македонците – нераскинлив дел од Албанија“, каде покрај другото се зборуваше и за унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Република Албанија.

Овој конгрес покажа единство и визија како натаму да ги унапредиме правата на Македонците во Албанија, како на политички така и на економски план.

ВМРО-ДПМНЕ дава безрезервна поддршка на Македонците во соседството, посочи тој.

Најнови вести