среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сајкоски: Референдумот е против Договорот со Бугарија затоа што наместо за добрососедство направи упад во посебноста на македонскиот народ и суверенитетот на Македонија и стана услов за ЕУ

Сајкоски: Референдумот е против Договорот со Бугарија затоа што наместо за добрососедство направи упад во посебноста на македонскиот народ и суверенитетот на Македонија и стана услов за ЕУ

Договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија е извор на сите проблеми што се случуваат во моментов и посегнува по посебноста и суверенитетот на нашата држава, ние како ВМРО-ДПМНЕ одлучивме да го повикаме народот да излезе на референдум на кој ќе каже дека е против овој штетен договор. Односно за престанок за важење на Законот за ратификација на договорот помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски за вестите на ТВ24.

Сајкоски истакна дека овој договор наместо да биде за добрососедство, тој направи упад во посебноста на македонскиот народ, бидејќи културата, традицијата, обичаите, јазикот, историјата се карактеристика на посебноста на народите.

– Преку историската комисија Бугарија да ни го одземе овој дел и се наметнува прашањето на суверенитетот. Со овој договор, дали некоја држава може да биде независна ако не може да си го организира образованието, да води своја меѓународна политика или да ја организира државата онака како што граѓаните се изјасниле за суверенитет во 1991 година. Бугарија на овој начин сака да направи и упад во раководењето на Македонија како држава. Затоа го повикуваме народот да излезе масовно да даде поддршка на референдум, потенцираше Сајкоски.

Тој посочи дека радува фактот што членството и симпатизерите даваат силна и огромна поддршка за референдумот, но како што рече моментов дури и од контактите со други партии кои се дел од владејачката коалиција и пратеници на СДСМ гледаат добронаклоно кон референдумот и даваат поддршка.

– Референдумот е највисок чин на демократија, а бидејќи и албанските политички партии се за демократија, развој, напредок на државата, влез во ЕУ бараме од сите да го поддржат овој референдум за да се послуша гласот на мнозинството граѓани во Македонија, изјави Сајкоски.

Сајкоски додаде дека  Македонија е единствена земја која така се условува со историски прашања, се бараат историски моменти да влезат во преговарачка рамка.

– Тоа не треба да биде услов.  Ние веруваме дека референдумот ќе биде успешен и ќе работиме кон тоа да успее овој референдум, нагласи Сајкоски.

Најнови вести