недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сајкоски во посета на Македонците во Албанија: Разговаравме за положбата и правата на Македонците, за националната посебност и поголема прекугранична соработка

Сајкоски во посета на Македонците во Албанија: Разговаравме за положбата и правата на Македонците, за националната посебност и поголема прекугранична соработка

Денес остваривме средба со Македонците во Мала Преспа, Пустец. На средбата разговаравме за положбата и правата на Македонците во Република Албанија, за негувањето и афирмацијата на македонската посебност и македонскиот национален дух, за поголема прекугранична соработка за која цел сме во план за отворање на задграничен комитет, информира Ѓорѓија Сајкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Република Македонија и Република Албанија негуваат и градат пријателски односи на соработка базирана на обострано почитување.

Посетивме и дел од училиштата кадешто дониравме книги на македонски јазик за деца на училишна возраст, додава тој.

Најнови вести