Мора да се напише извештај за секој поединечен случај. Да бидеме реални, 560 предмети ќе ни одземат доволно време, за на јавноста да ѝ дадеме конечен и прецизен извештај што се случувало во „Жан Митрев“. Дозволете да ја работиме нашата работа, нагласи министерот.
Во врска со индикациите со случајот во Клиниката „Жан Митрев“ јавноста беше информирана дека ние побаравме соработка со пет институции кои се поврзани со министерот за здравство. Притисокот за овој случај од јавноста е огромен за брзо решение и брзи заклучоци на комисијата. Од Клиниката добивме материјали, се работи за 560 пациенти, кои биле третирани со хемофилтрација кај ковид-пациенти. Колку време ќе ни треба за анализа на тие 560 пациенти, не знам точно, бидејќи има лица кои престојувале таму и цел месец, одговори министерот за здравство, Беким Сали денеска на новинарско прашање.
Сали појасни дека сиот третман треба да го анализираат лекари- експерти.
– Мора да се напише извештај за секој поединечен случај. 560 предмети да бидеме реални ќе ни одземат доволно време, за на јавноста ѝ дадеме конечен и прецизен извештај што се случувало во „Жан Митрев“. Дозволете да ја работиме нашата работа. Не би сакал во ниту еден момент да гледаме еднострано на оваа ситуација. Сите сме дел од општеството и да донесеме точен заклучок со случајот. Јас сум спремен 24/7 да бидам во комуникација со новинарите, но во моментов, предвреме, не можам да ви дадам информација. Секоја таква информација, може да биде злоупотребена, објасни Сали во врска со тоа до каде е истрагата по сторијата на ИРЛ, „Нечиста крв“.