петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сали објасни што мислел со изјавата за 500 денари

Сали објасни што мислел со изјавата за 500 денари

Министерот за здравство Беким Сали се огласи на Фејсбук каде вели дека ја објаснува неговата изјава која покрена лавина коментари на социјалните мрежи.

-Почитувани медиуми и граѓани, дозволете да објаснам дека вашето здравје нема цена и независно од цената на здравствената услуга, било да е тоа 500 или пак 5 денари, одговорност мора да има. Тоа беше мојата идеја и мојот став. Се друго е само толкување, напиша Сали на Фејсбук.

Ваквото дообјаснување следува по денешната прес-конференција на здравствените власти во врска со сторијата на ИРЛ „Нечиста крв“ која се однесува на работењето на приватната клиника „Жан Митрев“.

-Ако жалбата е во износот на парите, ние овде сметаме дека здравјето не познава финансии. Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да се жалите. Значи не е така. Антибиотиците кои масовно се користеа исто така оставија последици. Тек сега се справуваме со пост-ковид последици. Во овие случаи не може да гледате само од финансиски аспект. Ниту еден министер, доктор… не може да каже дека во ковид кризата нешто се правело врз основа на докази. Се што се правеше е врз основа на искуства од минатото, вирусот е нов и никој не е сигурен што прави. Барам да бидеме коректни, рече Сали.

Најнови вести