четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сали за отстапувањето на Министерството за здравство: Од септември се повторуваат шпекулациите

Сали за отстапувањето на Министерството за здравство: Од септември се повторуваат шпекулациите

Сè уште нема конкретни разговори за отстапување на Министерството за здравство на Алијансата за Албанците, рече денес актуелниот министер за здравство, Беким Сали. Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го отстапи министерското место на Алијансата, тој рече дека Министерството не е негово, но битно е тој што ќе го наследи, да биде максимално посветен на функционирање на системот.

„Тоа се политички одлуки, кои сè уште немаат конкретни разговори, преговори. Сето ова е во делот на шпекулациите, кои се повторуваат од септември наваму. Веќе петти месец се соочувам со прашањето дали ќе го отстапам или не, Министерството не е мое. Јас сум го наследил од некој министер, сигурно некој по мене, ќе го наследи, меѓутоа битно е кој и да било да дојде на оваа позиција, да биде максимално посветен, првично на функционирање на системот, а потоа промоција, како што еве денес промовираме убави вести за нова опрема, која им се дава на одредени здравствени установи, кои се во интерес на навремено дијагностицирање и давање здравствена заштита“, рече министерот Сали на промовирањето на донацијата во опрема и обуки од клубот „Ротари“ за скопските клиники.

В петок централното претседателство на Алијансата за Албанците ќе одлучува дали ќе станат дел од Владата, која ќе ги гласа измените за влез на Бугарите во Уставот, а за што е неопходно двотретинско мнозинство во парламентот.

За некои од медиумите, лидерот на Алтернативата, Арбен Таравари, изјави дека до петок очекува да му бидат понудени три министерски места, меѓу кои и Министерството за здравство, каде што актуелниот министер е од партијата Алтернатива.

Најнови вести