петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Само негаторските кругови во Софија и антимакедонската СДС гледаат демократски вредности во анахрон договор кој води кон асимилација и негација на македонскиот идентитет“

„Само негаторските кругови во Софија и антимакедонската СДС гледаат демократски вредности во анахрон договор кој води кон асимилација и негација на македонскиот идентитет“

Договорот со Бугарија е коренот на асимилаторските и негаротските уцени кои се упатени кон Македонија. Токму со Договорот со Бугарија се формираше рамка и оправдување на барањата на Бугарија кои задираат во македонскиот идентитет. За жал, спротивно на волјата на народот и спротивно на експертската јавност, антимакедонецот Ковачевски дозволи преку Комисијата да се менуваат македонските учебници и историски факти за личности и настани, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека Ковачевски ги презентира “отровните плодови“ кои ги роди “отровното дрво“ наречено Договор со Бугарија, како успех.

– Тоа е бесрамност, однароденост и одлепеност од реалноста. Овој процес ако не се спречи нема да има крај, туку напротив води кон целосна асимилација преку нови понижувалки, уцени или кон бескрајно вето. Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува на сенародно обединување и отфрлање на договорот преку референдум. Овој договор е билатерален и нема апсолутно никакви европски вредности содржани во него. Напротив спротивставување на ваков анахрон договор е европска вредност и принцип. Чудно е што демократски вредности во негирање на македонскиот јазик, култура и историја гледаат само негаторските кругови во Софија и СДС. Оттука да не се чудат што се антимакедонска партија. Народот јасно кажува дека е против Договорот и понижувањата кои произлегуваат од него. Власт која го игнорира својот народ е осудена на пораз. Тоа ја чека и оваа ненародна власт предводена од антимакедонецот Ковачевски, се додава во партиското соопштение.

Најнови вести