Државната изборна комисија попладнево ги објави поднесените кандидатски листи за претстојните локални избори. Според статистиката, само 8,68 отсто од кандидатите за градоначалници се жени. Дури 91,32 отсто од кандидатите се мажи.
Ситуацијата со родовата застапеност е подобра кога станува збор за кандидатите за советници, но и во оваа категорија доминираат мажите. Од кандидатите за советници, 55,13 отсто се мажи, додека 44,87 отсто се жени.