Само во декември 2022 сообраќајната полиција од Тетово имала 18 акциски и редовно контроли при што се откриени и санкционирани 1930 прекршоци.
Од сообраќај билe исклучени 39 возила, од кои 26 поради истечена регистрација до и над 30 дена и 13 поради утврдена техничка неисправност.
-Минатиот месец вкупно биле изречени 491 мерка за неприлагодена брзина според условите на патот, односно за пребрзо возење, 30 за непочитување на првенство и така натаму Во декември, исто така, од сообраќај биле исклучени и 169 возачи, од кои 106 управувале без возачка дозвола, 26 под дејство на алкохол, 20 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, и 17 со важечка забрана за управување. Покрај тоа, во месецот за кој станува збор, времено биле одземени 4 возила за истечена регистрација повеќе од шест месеци, 79 возачки и 36 сообраќајни дозволи, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај бележи дека со тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала вкупно 493 непрописно паркирани возила, најмногу во централното подрачје на Тетово, каде е и најголема вкупната сообраќајна динамика и фрекфренција на возила и пешаци.