среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сања Лукаревска го зазеде местото на Шекеринска

Сања Лукаревска го зазеде местото на Шекеринска

Како предлог на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, актуелната директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска е изгласана за втора заменик-претседателка на СДСМ, откако Радмила Шекеринска најави повлекување.

Спореди информациите со 682 гласа „за“ и два „против“, Лукаревска беше избрана на денешниот 26. конгрес на партијата. Таа доаѓа на местото на Радмила Шекеринска која два мандати беше на оваа позиција.

За разлика од Шекеринска, која пред изборот за заменик-претседателка, ги извршуваше највисоките функции во партијата, така што долги години беше потпретседателка, а од 2006 до 2008 и претседателка на социјалдемократите, додека во меѓувреме беше вицепремиерка за европски прашања, а потоа и пратеничка, Лукаревска ја презема функцијата како член на досегашниот состав на Извршниот одбор на СДСМ и како директорка на Управата за јавни приходи, каде што ова и е втор мандат.

Во моментов конгресмените на СДСМ ги избираат потпретседателите на партијата, по што следи изборот на членовите на Централниот одбор на СДСМ, за што делегатите добија листа од 120 имиња.

Најнови вести