Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на Драчево изречени се вкупно 218 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 36 лица, 27 технички неисправни и нерегистрирани возила, неносење заштитна маска 14… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.