Апелациониот суд Скопје синоќа се дигнал на нозе откако шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска му испратила смс порака на еден од тројцата судии кои донесоа одлука да ја пуштат во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, со закана дека ќе им отвори финансиска истрага, објавува САКАМДАКАЖАМ.МК .
-Официјално од судот не изјавуваат ништо во врска со смс пораката, но САКАМДАКАЖАМ.МК дознава дека за утринава рано веќе бил закажан колегиум. Нашите извори велат дека на колегиумот ќе се договори содржината на пријавата до МВР против Русковска кон тројцата апелациони судии кои ја донеле одлуката за Јанева, со принтскрин од смс пораката, која содржела и недолични зборови, пишува порталот.
Револтирана што тројцата судии ја донеле одлуката за домашен притвор на Јанева, Русковска синоќа јавно соопшти дека ќе отвори финансиска истрага против тројцата судии.
Од Апелациониот суд велат: „Само нека повели, вратите ѝ се отворени“.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.