СДС призна дека стои зад партискиот повик за ангажирање на професионални војници, единиците на АРМ ги направија штабови на СДС, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на на СДСМ и Министерството за одбрана.
Од вечерашново соопштение на СДС видовме дека тие единствено жалат што партискиот оглас за вработување во АРМ излезе на виделина.
СДС да одговори зошто дезертерот Ковачевски и првиот негов калфа Зечевиќ дале наредба до општинските организации да се ангажираат партиски војници за професионална армија.
Како тоа партијата распишува повик за ангажирање на партиски членови за професионални војници?
Единиците на АРМ ги направија штабови на СДС.
Ова е срам за НАТО. СДС ја обрука Алијансата и покажа дека нема критериуми при избор, туку се се прави по партиски клуч.
Попусти се обидите СДС да се правда, потребни се оставки. Оставка од Славјанка Петровска, оставка од Ковачевски, се вели во реакцијата на партијата.