среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„СДС падна на трето место по рејтинг – но ако не веруваат тогаш да се соочиме на избори таму се добива најреална слика“

„СДС падна на трето место по рејтинг – но ако не веруваат тогаш да се соочиме на избори таму се добива најреална слика“

Уште една анкета ја потврдува реалноста, дека оваа влада на Ковачевски е целосно делегитимирана, а СДС, не само метафорички, туку и фактички се претвора во помал коалициски партнер во власта. СДС стана трета партија по рејтинг со тенденции да падне на четврто место, со над два и пол пати помал рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и Ковачевски може да стават крај на оваа нивна агонија и агонијата во која ја држат Македонија. Нека излезат на избори час поскоро и на тој начин да си олеснат. Резултатот сега веројатно ќе им биде подобар, отколку да го одложуваат неминовното соочување со народот. Но пред се, брзите избори ќе бидат во корист на Македонија, која ќе се куртули од оваа неспособна а крајно криминализирана и корумпирана влада. Оставаме простор СДС да не ја прифатат и оваа анкета, да и најдат замерка, што е легитимно, па затоа ги повикуваме на соочување со народот, бидејќи изборите се најдобрата анкета во една земја. Ако СДС навистина мисли дека добро стои меѓу граѓаните, а дека другите се со лош рејтинг, тогаш нека не чека, нека се охрабри и уште утре неа распише избори. Каде отиде храброста со која Ковачевски се фалеше на конференции? Издишаа ли?“, потенцираат од партијата.

Најнови вести