сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече декларацијата за Гоце Делчев

СДСМ бара ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече декларацијата за Гоце Делчев

СДСМ побара од ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече Декларацијата за Гоце Делчев која според нив е една од политичките и популистички игри на опозицијата кои одат на штета на ликот и делото на македонскиот револуционер. Координаторот на пратеничка група јован Митрески вели дека тие нема да учествуваат во дневно политичкиот театар кој може да им наштети на евроинтегративните процеси.

ВМРО-ДПМНЕ не отстапува и бара поддршка од другите политички партии.

Партиите на Албанците немаат став за Декларацијата со образложение дека се уште не се запознати со нејзината содржина. Покрај во Собранието, таа ќе биде доставена и до Владата, Институтот за национална историја, МАНУ и Музејот на револуционерната борба. Со неа се предлага да се организираат соодветни настани, проекти, да се промовира поштенска марка со која ќе се одбележи јубилејот од 150 години а во основните училишта учениците да се информираат за оваа личност од македонската историја.

Најнови вести