СДСМ денес ја задолжи државата за над 56 милиони евра. Ова е второ задолжување во рок помал од 10 дена, откако власта се задолжи за над 33 милиони евра минатиот вторник. Со денешното задолжување, вкупната сума на долгот за кој СДСМ ја задолжи државата од јануари до денес се искачи на над 700 милиони евра. Додека вкупната сума за која власта ги задолжи граѓаните од нејзиното доаѓање до денес изнесува над 1.5 милијарди евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-1.5 милијарди задолжување, а слабо ниво на реализација на капитални инвестиции. Оваа неспособна власта покажа дека не знае менаџира со државните ресурси. Оваа неспособна власт во месец јануари оваа година реализираше само 1% од годишно предвидените капитални инвестиции. Владата во јануари оваа година реализираше 6 пати помалку капитални инвестиции во однос на јануари 2017 година. Задолжувањето како инструмент за финансирање на Буџетот е дозволиво само доколку, средствата од истото се користат за капитални инвестиции. Капитални инвестиции нема, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ и се додава:
„Власта не само што не реализира нови капитални инвестиции, туку и постојните кои беа во фаза на реализација ги запре и беа во застој од неколку месеца како случајот со автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Власта намерно не го пушти во употреба автопатот Демир Капија – Смоквица, кој беше 95% завршен и остануваше да се направат некои незначителни зафати. СДСМ со одлука на влада го продолжи рокот за пуштање во употреба на автопатот до 28 февруари и дури и тој рок не го испочитува“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ покажува тотална неспособност.
-СДСМ се однесува расипнички со парите на граѓаните. СДСМ ја носи државата во економска бездна. Состојбата е алармантна. Власта се задолжува без основ и без реална потреба. Не поминува недела, а власта да не земе кредит. Темпото на задолжување е загрижувачко. СДСМ ја носи државата кон инсолвентност. Неоснованото задолжување мора да запре.