петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ е разобличена, се виде дека нема мнозинство за уставни измени

СДСМ е разобличена, се виде дека нема мнозинство за уставни измени

Само ден по лидерската средба која траеше скоро час и половина помеѓу лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот и премиер на владата Димитар Ковачевски, се разобличи уште една лага на коалицискиот партнер на СДСМ и ДУИ, дека власта има двотретинско мнозинство за уставните измени и внесување на Бугарите во македонскиот Устав.

Имено, по вчерашните изјави на премиерот Ковачевски стана јасно дека владата нема поддршка од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени, иако во изминатиот период и тој и првиот вицепремиер Артан Груби изјавуваа дека наводно има дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои се европски ориентирани и дека ќе поддржат внесување на Бугарите во Уставот.

Но, по понудата на Ковачевски до Мицкоски, да се изгласаат потребата од уставни измени, а потоа ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата заедно со СДСМ да му ослободи половина од позициите што ги има, заедно да го спроведат процесот на уставни измени, а тек потоа таа влада да ги организира изборите, само за да поддржат уставни измени, повеќе од очигледно е дека не само што владата немаат двотретинско мнозинство, туку премиерот Ковачевски е спремен на се во однос на попуштање на македонските црвени линии и загрозување на македонските национални интереси.

Иако многумина очекуваа некаков позитивен исход, сепак лидерската заврши со неуспех, и иако премиерот Ковачевски повика на гласање на уставните измени, ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува непроменет, а лидерот Мицкоски не попушта.

Веднаш по завршување на лидерската средба, Мицкоски на прес конференција ја информираше јавноста за исходот од истата, и како што рече истата завршила со неуспех, како и дека владата на СДСМ и ДУИ нема 2/3 мнозинство за измени на уставот.

44 пратеници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ стојат на ставот заедно со раководството на партијата, заедно со коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ; стојат на ставот дека уставни измени под бугарски диктат на ваков начин, под овие околности ние нема да поддржиме, многу јасно кажано на денешната средба со Ковачевски. На денешната средба која што траеше час и половина разговаравме за предлози кои што ги даде господинот Ковачевски, од кои што би издвоил еден, а тоа е следно тој предложи да во рамките на Парламентот отпочне дискусија и се отвори практично и се изгласа со две третини потребата за промена на Уставот, а потоа да биде формирана Влада во која што од десетте ресори кои што во овој момент ги менаџира СДСМ пет да бидат дадени на ВМРО-ДПМНЕ. Да бидат завршени уставните измени, значи да помине втората фаза и третата фаза, да отпочне практично процесот на преговори бидејќи пред една година нѐ убедуваа дека е почнат, а денеска добивме потврда дека тој процес на преговори не е почнат. Да отпочне процесот на преговори и дури потоа да бидат затворени можеби едно или две или три поглавја во зависност од брзината како ќе се одвива тој процес на преговори. А, таа Влада да оди на парламентарни избори. Да ги подготви парламентарните избори, изјави Мицкоски.

Имено, Мицкоски рече дека би прифатил влез на ВМРО-ДПМНЕ во владата на СДСМ, само под услов ДУИ на Али Ахмети да не дел од истата, како и уставните измени да важат само со влегување на Македонија во Европската Унија, се со цел да се заштитата и загарантираат македонските национални интереси и да не се дозволи ново барање од страна на Бугарија во патот на евроинтегративниот процес на Македонија, за кој патем зборуваш и во минатото.

Голем дел од провладините медиуми се истрчаа и пренесоа само дел од прес конференцијата и ставот на претседателот Мицкоски, обидувајќи се на таков начин да влијаат на неговиот рејтинг кој според досегашните анкети постојано расте, се со цел да создадат погрешна слика кај граѓаните.

Она кое што Мицкоски го потенцираше е дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во владата на СДСМ, но без ДУИ, нагласувајќи дека уставни измени може да се подржат исклучиво само доколку Македонија влезе во Европската Унија, а ден потоа да важат истите.

Ваквиот став на Мицкоски е изненадувачки за многумина, но јасно е дека не доволно го следеле што изјавувал во минатото.

Имено, во однос на уставните измени Мицкоски е конзистентен во својот став, повторувајќи на секоја своја прес конференција, изјава, гостување во емисија, дека уставните измени под бугарски диктат не се последното барање од страна на Бугарија и дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да прифатат уставни измени.

Мицкоски истото го кажа, дека уставни измени по бугарски диктат нема да прифати. Но, доколку навистина сака да покаже дека Република Македонија има црвени линии, тогаш прво мора државата да стане дел од Европската унија.

На оваа понуда која што претставува позиција на Димитар Ковачевски од моја страна беше даден следниот одговор, во ред ја разбирам понудата и за истата го имам следниот став, ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да влезе во Влада со СДСМ и со останатите политички партии но без учество во истата Влада на Демократската унија за интеграција. ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да учествува во истата со тоа што избори подготвува техничка Влада, не оваа Влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори. А, евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот Протокол на Македонија во рамките ЕУ од парламентите на 27-те земји членки.

Најнови вести