петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ и Филипче се расфрлаа со ветувања во здравството, но списокот на исполнето е минорен

СДСМ и Филипче се расфрлаа со ветувања во здравството, но списокот на исполнето е минорен

Власта предводена од СДСМ во 2016-тата година во својата програма „За живот“ ветуваа многу во областа здравство, но колку исполнија?

Власта наместо да го дозаврши проектот за Клинички центар во Скопје, таа го прекина и започна со друг проект. Овој проект наиде на отпор бидејќи е непостоечки. За да се изгласа закон за заем од 503 милиони евра за непостоечки проект, а истовремено тоа да го бара најкорумпираната Влада во Европа е крајно бесмислено и несериозно.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на последната средба со Зоран Заев даде конструктивно предлог решение кое ќе значи комплетно реновирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кое би чинело околу 100 милиони евра како и изградба на Ургентен Клинички центар кој би бил наспроти приватната болница „Жан Митрев“ и со кој би се поврзале Поликлиниката „Букурешт“ и ГОБ „8-ми Септември“ и исто така изградба на уште три Универзитетски клинички болници во Тетово, Штип и Битола кои би чинеле по десетина милиони евра“, нагласи Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.

Се ветуваше и Клинички центар во Битола, но и тоа ветување остана само на лист хартија.

„Ќе биде решен еден од најгорливите проблеми, сите волонтери и вработени со договор на дело ќе добијат решенија за стален работен однос. Новиот Клинички центар во Битола и останатите мерки кои ги предвидува СДСМ за здравството ќе овозможат похумано и достоинствено место за здравствените проблеми на граѓаните“, рече Васко Ковачевски на една од своите изјави на 21.04.2014 година.

Се ветуваше во Програма „За живот“ и Детска општа болница во Скопје со ургентен центар но и тоа го нема никаде, изгледа остана заборавено.

За отворање „Детска општа болница во Скопје со ургентен центар “, е истакната и во Програмата за работа на Владата (2017-2020 г.), во делот „Квалитетно здравство“ (стр.34). Но, нема информации за тоа дека е отворена или, пак, дека се во тек некакви активности за отворање на ваква болница во Скопје. Но, на веб – страните на министерството за здравство и на Владата не може да се најдат информации дека е донесена одлука за отворање на ваква болница.

Во Програмата на власта од 2016-тата година се ветуваа капитации за стоматолози од 40 денари на 70, а им покачија само 8 денари. А, пак за матичните лекари им ветија покачување на капитации од 55 на 90 денари, а им качија само 8 денари.

На 31.10.2019 година министерот за здравство Венко Филипче, и премиерот Зоран Заев ја објавија мерката за зголемување на капитациониот бод за примарното здравство, тоа се матичните лекари, гинеколози и стоматолози. Покачувањето на капитацијата изнесува 8,- денари по пациент кој се води кај матичниот лекар, гинеколог, или стоматолог. Зголемувањето изнесува 15% за лекарите, 20% за стоматолозите.

Од помпезно најавуваните капитации за стоматолози од 40 денари на 70 и од 55 на 90 денари за матични лекари се сведоа на 8 денари.

Меѓу ветените, а заборавените проекти на власта за здравство е и овозможување на генерички лек достапен без наплата, обезбедување на матичен гинеколог за секоја жена во државата, со закон дека ќе се дефинираат правата и обврските на лекарите во соработка со Лекарската комора, изградба на капацитети на дневните болници во кои пациентите во текот на еден работен ден ќе им се пружат дијагогностички и терапевски услуги за кои не е потребна хоспитализација.

Многу ветувања, малку остварено.

Најнови вести