среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ и Ковачевски против, дали ДУИ ретерира – Џафери порача дека нема проблем со Декларацијата за Делчев

СДСМ и Ковачевски против, дали ДУИ ретерира – Џафери порача дека нема проблем со Декларацијата за Делчев

Собранискиот спикер, Талат Џафери вели дека нема ништо спорно во текстот на Декларацијата за Гоце Делчев што опозицијата ја поднесе во Собранието.

-Се обврзуваат некои од институциите како треба да ја одбележат 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Немам проблем со Декларацијата. Апсолутно нема ништо во што ќе наштети. Јас и претходно ја гласав другата Декларација во соодветна постапка и процедура. За мене си кажувам дека немам никаков проблем со неа, кажа Џафери во гостувањето на емисијата „24 анализа“.

Спикерот вели дека „тоа што треба да го знам, го знам“, како одговор на прашањето дали ги знае сите детали од преговорите со Бугарија.

-Владата е надлежна за се. Верувам во преговорите со Бугарија и соодветно решение. И треба да бидеме вклучени како Собрание. Не разговараме за јазикот, додаде Џафери.

Најнови вести