Силни емоции и жесток политички речник во емисијата „200″ на Алсат М која е снимена утрово, а се емитува вечерва од 21:50 часот .
“Оставките и одговорноста после трагедијата во Тетово. Дебатираат: Агим Нухиу – заменик министер за правда, Антонио Милошоски – пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Вјољца Бериша – член на претседателството на АА“, стои во најавата на Алсат М за емисијата која според извори во телевизијата била прилично напната.
Иако своето учество во емисијата го потврдиле претставници на СДСМ никој од владеачката партија не учествувал во дебатата за клучното и важно прашање.