понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ изгледа е на голема мака: Решени се да го истуркаат законот важен за ГАМА, по секоја цена!

СДСМ изгледа е на голема мака: Решени се да го истуркаат законот важен за ГАМА, по секоја цена!

По 15 годишно преговарање и повеќе судски спорови Владата е на чекор да го реши проблемот со АД ГАМА, со што ќе стане 100 процентен сопственик на целиот национален гасоводен систем.

Предлог законот за надминување на спорот од денеска е пред пратениците и се чека негово гласање. Државата ќе треба да плати 32 милиони евра на АД Макпетрол, кој беше со-сопственик на ГАМА, но тие нема да можат да се префрлат на нивна сметка сè додека не се изгласа законот.

-Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50 отсто во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нереално висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дава напори да блокира дел од работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари, информираат од Центарот за комуникации на партијата.

Но, СДСМ изгледа е на голема мака бидејќи со сите сили притиска носење на овој закон.

Пратеничката група на партијата на Зоран Заев најавува дека ако треба ќе се остане во Собрание цела ноќ, само за да се донесе законот.

Во законот се предвидува сите тековни судски спорови да се затворат со цел мирно надминување на спорот. Договорот за купување на акцијата која ја поседуваше Макпетрол се склучи уште минатата година во декември.

Најнови вести