Каевски изгледа не го прочитал законот за попис според кој на политички начин СДСМ сака да креира лажна слика за општеството во Македонија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-СДСМ по одбивањето на сите амандмани, по одбивањето на дебата за пописот и не земање во предвид на експертските мислења само докажа дека не е европска партија како што се обидува да убеди.
ВМРО-ДПМНЕ предложи електронски попис со кој што државата ќе заштеди 8.5 милиони евра, а власта ги собра своите градоначалници и партиски комисии не за статистичка, туку за политички креирана операција попис.
Во 45-те пописни региони СДСМ ќе именува лица по партиски список кои ќе спроведуваат политичка агенда, без никаков мониторинг на стручни лица.
Две недели откако власта сама си го изгласа законот за фалсификуван попис, спротивно на европските препораки и стандардите на Обединетите нации, без консензус, сеуште нема јасна Методологија за тоа на кој начин истиот ќе биде спроведен.
Никој не верува во професионализмот на институциите каде царува партискиот кадар на СДСМ, па по тоа оваа операција ќе биде спроведена на крајно политизиран начин , со врзани потписи кои ќе одлучуваат за „соодветни проценти“.
Пописот е обид за уште една манипулација со реалната состојба во земјава, нема да ја даде реалната слика, затоа што власта ќе попишува нерезидентно население. „Блиските лица“ кои ќе даваат матични броеви за граѓаните кои ќе бидат предмет на попишување ќе ги одредуваат пописните комисии од партиските штабови, тоа нема да донесе никаква веродостојност на оваа операција.
ВМРО-ДПМНЕ апелира оваа криминална операција за искривување на реалноста да се сопре со време, власта да се вразуми и да ги прифати предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од партијата.