Со 57 гласа „ЗА“ од присутни 99 во салата, пратениците во Собранието одлучија Законот за Јавно обвинителство да се носи по скратена постапка.
За новиот закон за јавното обвинителство кој беше ставен на дневен ред на денешната собраниска седница, не гласаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Во пресрет на седницата, вчера состанок за законот во Собранието одржаа работните групи на власта и на опозицијата, но не беше постигнат напредок по спорните прашања.
Со Предлог законот за ЈО се предвидува Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите, односно СЈО и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да се спојат во едно јавно обвинителство кое ќе го носи називот Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција.