петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„СДСМ не само што повеќе од 10 месеци не започна ниту еден нов инфраструктурен проект, туку ги запре и веќе започнатите проекти од владата на ВМРО-ДПМНЕ“

„СДСМ не само што повеќе од 10 месеци не започна ниту еден нов инфраструктурен проект, туку ги запре и веќе започнатите проекти од владата на ВМРО-ДПМНЕ“

11 години инфраструктурата во Македонија доживуваше вистинска преродба, а преку капиталните инвестиции во инфраструктурата паралелно подем доживуваа поголем број на индустриски гранки кои успеа да заживеат за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Компании кои беа пред затворање поради криминалната транзиција која ја спроведе СДСМ, бележеа зголемени приходи и го прошируваа бизнисот и отвораа нови работно места, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ не само што повеќе од 10 месеци не започна ниту еден нов инфраструктурен проект, СДСМ ги запре и веќе започнатите  проекти од владата на ВМРО-ДПМНЕ од кои голем дел од нив беа во својата завршна фаза. СДСМ  намерно го одложува пуштањето во употреба на голем број инфраструктурни проекти изградени во времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ со цел да ги прикаже како свои, стои во реакцијата на партијата и се додава:

„Ниту една реакција или соопштение на СДСМ или Владата не може да го погази фактот дека ниту еден пат презентиран од Заев не е нов проект. СДСМ уште еднаш се кити со туѓи перја и се фали со проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Заев наместо да држи прес конференции треба да ги засука ракавите и веднаш да започне со остварување на своите предизборни ветувања. Граѓаните од владата очекуваат изградба на ветените 500 километри автопат, а не празни ветувања и собирање на политички поени на туѓи проекти“.

Најнови вести