недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„СДСМ се изгубени во времето и просторот, доаѓа крајот за бандата на криминалци и неработници на чело со Заев“

„СДСМ се изгубени во времето и просторот, доаѓа крајот за бандата на криминалци и неработници на чело со Заев“

Видлива е нервозата и стравот на СДСМ од поразот кој им следува на изборите. Толку се изгубени во времето и просторот, што падот кај довербата на граѓаните си го замислуваат за успех, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните не веруваат на СДСМ, граѓаните се против криминалот, неспоспособноста, неработата и понижувањата кои ги приредуваат Заев и неговите компромитирани кадри.

Дека падот на СДСМ е неизбежен покажа и последната анкета на Националниот демократски институт на која ВМРО-ДПМНЕ убедливо води пред СДСМ и тоа е силна порака дека народот не верува во лагите на дезертерот Заев и сака промени и нови и чесни кадри кои Македонија ќе ја направат подобро место за жиивеење.

Им благодариме на СДСМ што дури и тие признаа дека ВМРО-ДПМНЕ настапува со нови и некомпромитирани кадри, наспроти нивните кадри на СДСМ кои се криминалци и неработници.

Простотилак е да се поткупуваат гласови, простотилак е да се остават граѓаните во пожар и да се избега на плажа, простотилак е да се бара провизија за вакцини, простотилак законот за Заева марихуана.

Простотилак се клупи од 500 евра, даска за 300 евра, кош за 250 евра, а плата во штипска Баргала од 2 денари.

Ниту Шилегов, ниту кој било друг од останата банда на компромитирани кадри на СДСМ повеќе не поминуваат кај граѓаните и во СДСМ се свесни за тоа.

Блиску е крајот на криминалците и неработниците од СДСМ, а потоа ќе следува и одговорност, стои во партиската реакција.

Најнови вести