среда, 7. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

СДСМ во пресрет на претстојниот пораз шири лажни вести, ама тоа нема да им помогне – порачува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ во пресрет на претстојниот пораз  шири лажни вести, ама тоа нема да им помогне – порачува ВМРО-ДПМНЕ

Очај и нервоза од претстојниот пораз владеат во СДСМ. Затоа мораат да лиферуваат лаги во соопштенија или скапо платени билборди. Народот тоа го препозна како лажна вест, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Лагите, неспособноста и криминалите на СДСМ и на Заев ја препознаваат веќе и коалициските партнери, но и самото членство. Впрочем самите членови веќе говорат дека Заев ја претворил СДСМ во приватна фирма која е  целосно ставена во функција на неговите мафијашки и бизнис интереси. Лагите нема да му помогнат на СДСМ да го избегне катастрофалниот пораз, туку напротив ќе направат тој да биде поголем, порачуваат од партијата.

Најнови вести