вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се разгоре пожарот кај Ајватовци, активиран хеликоптер на МВР

Се разгоре пожарот кај Ајватовци, активиран хеликоптер на МВР

Послаб ветер придонесе за разгорување на пожарот кај Ајватовци, односно кракот кој се уште не беше изгаснат.

-Поради разгорување на пожарот на кракот кој не беше изгаснат и опасност од неговото повторно проширување, итно е ангажиран еден полициски хеликоптер. На терен се скопските пожарникари, доброволци и локалното население, информира директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.

Додава дека хеликоптерот имал прецизно дејство врз пожарот со исфрлување на вода.

Опожарени се трева и нискостеблести растенија

Најнови вести