недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Се шири со голема брзина: Нов пожар избувна во општина Илинден

Се шири со голема брзина: Нов пожар избувна во општина Илинден

Околу 16 часот избувна нов пожар кај селата Бучници и Ајватовци, на територијата на Општина Илинден во борова шума и се шири со голема брзина.

Ангажиран е еден Ер трактор за гасење на пожарот, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

-Денеска околу 16:00 часот избувна шумски пожар кај село Бучинци и Ајватовци – општина Илинден во борова шума. Се шири со голема брзина. Покрај пожарникарите од скопската Бригада за противпожарна заштита ангажиран е и еден Ер трактор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), велат од ЦУК.  (МИА)

Најнови вести