Групна тепачка се случила вечерва во општината Карпош во близина на трговскиот центар Антико, објави „Инфомакс“.
Во тепачката учествувале две групи, а на местото на настанот има засилено полициско присуство, а повикани се две екипи на брзата помош.
Според првичните информации има потешко повредени лица, а засега нема информации дали се користело огнено или ладно оружје.