Петнаесет училишта во Македонија, од кои најголем број во Скопје, утринава добиле закани за поставени бомби.
-Дo сега e пријавено дека на електронските адреси на училишта во Битола (до сега три училишта), Прилеп ( до сега две училишта), Тетово (до сега две училишта), Скопје (седум училишта) и едно училиште во струшко Подгорци е упатена закана за поставена експлозивна направа, велат од МВР според досегашните информации со кои располагаат.
Од Министерството информираат дека веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите.