сабота, 9. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седница на Антикорупциска комисија

Седница на Антикорупциска комисија

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе одржи седница, на чиј дневен ред се неколку точки поврзани со нејзиното работење, како и точка за постапување по конкретни предмети.

На дневен ред на оваа седница се Одлука за избор на заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата, Предлог- Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во Секретаријатот на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и Стратешки план за периодот 2021-2023 година на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Членовите на ДКСК на сеницата која ќе се одржи онлајн, ќе расправаат и по Информацијата во врска со реализирање на процедура за планирање, следење и извршување на буџетот (за декември 2020 година и јануари 2021 година), по Упатството за рангирање на предмети за постапување на Државната комисија за спречување на корупцијата по основ на доставени пријави, а ако точка на дневниот ред предложено и постапување по конкретни предмети.

Најнови вести