Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе ја одржи 49-тата седница. На дневен ред, покрај разгледување на предмети по кои постапуваат, е и избор на генерален секретар на ДКСК.
Од ДКСК информираат дека поради активностите поврзани со адаптирање на просторот на новата адреса „Пресвета Богородица“ број 3, Скопје и активирањето на информатичката опрема која се уште е во тек, не се е во можност да обезбедат услови за присуство на јавноста.