Во Собранието денеска ќе заседава само Комисијата за европски прашања.
На дневен ред е една точка – Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка.
Пленарна седница или заседанија на други собраниски тела, според агендата објавена на веб страницата на законодавниот дом, за денеска не се закажани.