Собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е Предлог законот за преиспитување на факти и докази користени во судска постапка, во прво читање, поднесен од пратенците Павле Трајанов, Маја Морачанин, Мирослав Богдановски, Боби Мојсоски и Моника Зајкова.
Членовите на комисијата ќе ги разгледаат и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за управна инспекција, по скратена постапка во второ читање, за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија, и за лобирање, и двата во второ читање.