Предлог – законот за заштита на потрошувачите, по скратена постапка, е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за европски прашања.
На седницата, како што е најавено, ќе се дискутира и по Предлог законот за техничките барања за производите и оцена на сообразност, по Предлог – законот за финансиската инспекција во јавниот сектор, по Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за гранична контрола, како и по Предлог законот за зоотехника.