Во Собранието на Република Македонија денеска седница треба да одржи собраниската Комисија за здравство.
На дневен ред се измените и дополнувањата на законите за комплементарна и алтернативна медицина, за санитарна и здравствена инспекција, за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност и за лековите и медицинските средства, сите во второ читање и предложени од пратениците од владејачкото мнозинство.